Контактирајте не: info@tutor.com.mk

информации

Покана од Тутор

$14.00

Покана од Тутор


Информаци

Оваа компанија ги следи трендовите и секогаш нуди актуелни содржини од различни проблематики. Активностите на ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Република Северна Македонија и регионот, имплементација на проекти преку давање на консултантски услуги во областа на правото, правно застапување, економијата, управување со проекти, администрирање и организирање едукативни настани и обуки.

Настаните во ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје придонесуваат до едукативен развој на неколку сектори: бизнис секторот на кој му е потребна континуирана едукација, сектор на млади на кои им се потребни нови применливи вештини и јавниот сектор на кој му е потребен новитет во начинот на пристап и комуникација со јавноста.

ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје Ви го овозможува тоа со својата добра содржина, врвни експерти, одлични услови, простории и нетворкинг, дава значаен придонес и придобивки преку организирање работилници, курсеви, модули, обуки, тим билдинзи и in-house и/или on-line обуки.

ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје во текот на своето работење успешно организира професионални обуки (семинари, работилници, курсеви) од различни области, кои се од интерес на нашите целни групи, а кои се реализирани од страна на искусни обучувачи кои се наши соработници. Целта на одржувањето на обуките пред сé е збогатување на знаењето на нашите целни групи во одредени области, како и проширување јавната свест за важноста и примената на одредени актуелни проблематики, како во нашата земја, така и во светот. Обуките ги спроведуваме со методи прилагодени согласно Вашите потреби и можности на Вашето секојдневно работење. Испорачуваме висококвалитетни обуки прилагодени на Вашите потреби и преку истите се стремиме да ги зајакнеме учесниците на обуките со знаења и вештини. Ви стоиме на располагање и за креирање на обука по Ваша потреба.

Нашиот тим секогаш го нуди најдоброто решение за Вашите потреби. Со нашиот тим можете подобро да се запознаете на следниот линк: https://tutor.1c.mk/akademii/meeting-details.html

ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје Ви нуди и можност нашиот простор наменет за различни пригоди (обуки, состаноци, работилници, курсеви, тим билдинзи и сл.) да го изнајмувате за Ваши обуки, а нашиот тим да го ангажирате за спроведување и на Ваши обуки.

ПРЕКУ ИСПОРАКА НА НАШИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ ДО РЕЗУЛТАТИ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ!

 

За нашата компанија можете повеќе да дознаете на нашата веб страница: https://tutor.1c.mk/

Доколку имате потреба од дополнителни информации, може да не контактирате на е-маил: info@tutor.com.mk или на контакт тел. +389 71352 441, лице за контакт
Лулзим Џемаили

Доколку имате дополнителни прашања

Нашите тутори и нашиот тим ви стои на располагање и спремни сме да ви одговориме на секое прашање

Контактирајте не