Бранислав Гулев
Е-маил
branislav@tutor.com.mkТелефон
+3897777777Резиме
Бранислав Гулев, како диплимиран економист своето долгогодишно професионално искуство го започнал како вработен во АДГ Гранит – Скопје, работејќи во сметководствениот и во информатичкиот сектор. Во рамките на работниот ангажман во АД Гранит, работел 16 месеци во градилиштето Ал Багдади во Ирак, на сметководствени – финансиски задачи, царински и шпедитерски услуги. После неколкугодишното работење во градежништвото, се вработил во Службата за општествено книговодство (подоцна Завод за платен промет) во секторот за контрола (инспекција), а подоцна во секторот за економско - финансиска ревизија. Како ревизор учествувал во ревизиите на трговските друштва од стопанството, деловните банки и штедилници во банкарскиот систем.Во периодот на транзиција на капиталот, се стекнал со звање овластен општ проценител, врз основа на полагање на испит според програмата од Светска банка. Како проценител учествувал во процесот на приватизација на општествениот капитал кај педестина правни субјекти.Со основањето на Државниот завод за ревизија (од 1999 година) се стекнал со звање овластен државен ревизор, со функција Помошник главен државен ревизор. Набрзо потоа во 2000 година го напуштил Државниот завод за ревизија и во наредните три години работел како ревизор во ревизорските компании Ernst & Young и „Македонски ревизорски центар“ (сегашен Moor Sтivens) каде го стекнал ревизорското искуство и ја усовршил ревизорската методологија. Во овој период учествувал во ревизиите кај голем број на големи и средни трговски друштва, како што се АД „Тетекс“ – Тетово, АД„Алумина“ - Скопје, АД„Баргала“ - Штип, АДГ„Пелагонија“ - Скопје, АД„Кожара“ - Куманово, АД„Топлификација“ - Скопје, АД„Окта“ - Скопје, Јавно претпријатие „Водовод“ - Битола, АД„Лозар“ - Битола и други.
Во 2001 година се вратил во Државниот завод за ревизија и како Помошник главен државен ревизор и одговорно лице учествувал како раководител на тимот на проектите/ревизиите на Буџетот на Република Северна Македонија, Собрание на РСМ, Претседател на Македонија, Влада на РСМ, Заеднички служби при Влада на РСМ, Секретаријат за европски прашања, Народна банка на РСМ, Електростопанство на Македонија, Министерство за здравство, Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фонд за здравствено осигурување на Македонија, регулаторни тела (Агенции), „Царинска управа“, Управа за јавни приходи, Уставен суд на Македонија, Јавно правобранителство, Агенција за разузнување, Агенција за странски инвестиции, Агенција за цивилно воздухопловство, Управа за спречување и перење на пари, Управа за извршување на санкции, М-НАВ Македонска навигација, „Македонска радио телевизија“, АД„Градски трговски центар“, ЈП„Комуналец“-Битола, ЈП„Комунална хигиена“ - Скопје, ЈП„Паркови и зеленило“ - Скопје, ЈП„Македонијапат“ - Скопје, АД„Службен весник на РСМ“ - Скопје, Македонски железници, ЈП„Комуналец“ - Кавадарци, Совет за радидифузија, Фонд за магистрални и регионални патишта, Педагошки факултет-Штип, Педагошки факултет-Скопје, Правен факултет-Скопје, Факултет за физичка култура, Агенција за вработување, Агенција за млади и спорт, Биро за стокови резерви, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Комисија за хартии од вредност, Народен правобранител, единици на локална самоуправа (општина Штип, општина Делечево, Град Скопје, општина Центар, општина Карпош, општина Гази Баба, општина Прилеп, општина Охрид, општина Гевгелија, општина Тетово), ЈЗУ КУ „Неурохирургија“, ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Клиничка болница-Штип, ЈЗУ КУ Урологија, ЈЗУ КУ Онкологија, ЈЗУ КУ Детска хирургија, ЈЗУ КУ Биохемија, ЈЗУ „8-ми Септември“-Скопје, ЈЗУ КУ за очни болести, ЈЗУ КУ за уво, нос и грло, ЈЗУ КУ Максиофацијална хирургија, ЈЗУ КУ Кардиологија, ЈЗУ КУ Хематологија, ЈЗУ КУ Ендокринилогија, ЈЗУ КУ Неврологија, ЈЗУ КУ Токсикологија, ЈЗУ КУ Дерматологија, ЈЗУ КУ Гинекологија, ЈЗУ КУ Радиологија, Институт за јавно здравје, Здравствен дом-Скопје и други субјекти од областа на јавното здравство.
Бранислав Гулев бил редовен едукатор во Државниот завод за ревизија од областа на ревизијата (Меѓународни стандарди за ревизија), од областа на сметководството (законска регулатива и Меѓународни сметководствени стандарди/Меѓународни стандарди за финансиско известување), автор на многу прирачници, методолошки упатства, модели/апликации за рекласификација на финансиските извештаи кај двата сметководствена система, програми за спроведување на чекорите во ревизорскиот процес за двата сметководствена система, насоки за спроведување на ревизијата на Централниот буџет на Република Северна Македонија, процедура и програми за осигурување на квалитет.
Повеќе од 20 години е долгогодишен надворешен редовен соработник на „Здружението на финансиски работници“ од Велес, како и на „Рафајловски консалтинг“ чии текстови од 2002 година редовно се објавуваат во списанијата „Билтен“, односно „Репрезент“.
Истовремено, во наведениот период учествувал како едукатор на многу стручни теми од областа на буџетирање, сметководство, ревизија и внатрешна финансиска контрола.
Автор е на многубројни прирачници од областа завршна сметка, попис на средствата, побарувањата и обврските за буџетските корисници и јавните претпријатија, Стратегија на ризици, примена на Меѓународни сметководствени стандарди кај јавни претпријатија, процедури за процесите кај буџетски корисници и јавни претпријатија.
Скопје, 10.03.2024 Бранислав Гулев