Љупчо Тодоровски
Е-маил
ljupco@tutor.com.mk Телефон
+3897777777 Резиме
Љупчо Тодоровски дипломира на Технички факултет Битола во 2003 година и се стекнува со звање дипломиран сообраќаен инженер по патен транспорт, додека пак во 2022 година на Машинскиот факултет Скопје се стекнува со звање М-р по безбедност здравје и заштита при работа. По завршување на факултетот ја започнува својата кариера во ЕЛС Општина Кичево, а понатаму во Секторот сообраќај како Инспектор по сообраќај и патен транспорт.Тој поседува посебни вештини во математичко моделирање на сообраќајни незгоди со програмски пакети, реконструкција на сообраќајни незгоди, како и технички вештини на работа со специјален софтвер за реконструкција на сообраќајно незгоди Virtual Crash.2.2 , 3.0 I 5.0 PC Crash 8.3.Тој е експерт во областа на сообраќајот како судски вештак и има изработено голем број на вештачења од областа на сообраќајот и машинството и бил учесник во многу постапки на реконструкција на сообраќајни незгоди и решавање на спорови поврзани со оваа област.Помеѓу поважните искуства се вбројуваат посета на бројни “team building”-зи, каде се стекнал со лидерски и останати организациски и менаџерски вештини, одржувањето и учество на обуки, семинари, проекти и конференции од различни области организирани од домашни и странски институции, како и невладини организации.