Милка Спировска
Е-маил
milka@tutor.com.mk Телефон
+3897777777 Резиме
Милка Спировска дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје во 2009 година, а во 2012 година на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје завршува и мастер студии на отсек кривично право. Од 2015 година работи како самостоен адвокат. Од јануари 2019 година до април 2023 година е ангажирана во Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје како правник и адвокат каде работи на обезбедување на бесплатна правна помош и правни услуги на маргинализираните заедници заради заштита на човековите права и слободи и обезбедување еднаков пристап до правда, а ангажирана е и како проектен координатор за спроведување на активности од проекти. Таа е експерт во граѓанско, имотно, облигационо, стопанско, трудово, семејно, наследно, стварно, управно, кривично и прекршочно право, како и заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.Од 2016 година е и овластен регистрационен агент пред Централниот регистар на РСМ.Има учествувано на многубројни обуки, семинари, работилници и конференции од различни области организирани од домашни и странски институции, како и невладини организации, а има и одржувано самостојни обуки од различни области. Таа поседува сертификати за обучувач за домашно насилство и бесплатна правна помош.