Дводневна обука на тема: ,,Основи на сметководство кај буџетските корисници”
Оваа обука е наменета за сите договорни органи кои сакаат да ги резимираат и да ги продлабочат своите знаења. Обучувач Бранислав Гулев дипл. Економист со долгогодишно искуство во делот на сметководствениот и во информатичкиот сектор, Автор е на многубројни прирачници од областа завршна сметка, попис на средствата, побарувањата и обврските за буџетските корисници и јавните претпријатија, Стратегија на ризици, примена на Меѓународни сметководствени стандарди кај јавни претпријатија, процедури за процесите кај буџетски корисници и јавни претпријатија. За повеке информации кликнете тука. Оваа обука е наменета за сите договорни органи кои сакаат да ги резимираат и да ги продлабочат своите знаења.
Учесниците преку ова Дводневна Обука треба да се стекнат со знаења и способности во врска со значењето на евиденцијата кај деловните субјекти како основа за донесување одлуки, познавање и примена на основните принципи, постапки и стандарди во сметководствената наука и практика, разбирање на сметководствените настани во врска со средствата, обврските и капиталот, расходите и приходите и нивно евидентирање во сметководствените книги, изготвување финансиски извештаи, следење на законската регулатива, користење на компјутерите за брзо и точно извршување на работата.
Место на одржување на обуката: Обуката ке се одржува во просториите на нашата Компанија Едукативен Центар Тутор кој се наоѓа во Комплекс Треска ул. Адем Демачи бр. 17/ 1 Општина Чаир Скопје. Напомена: Обуката ќе се организира на групи од 10 - 14 лица
Времетраење:
Два денаДатум на одржување:
Вторник : 02.04.2024 и Четврток 04.04.2024, Од 08,30 до 16.00 часот!Обучувач Бранислав Гулев