ЗНАЧЕЊЕ НА АСЕРТИВНОСТА
ПРАКТИЧНА ОБУКА СО ВЕЖБИ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА
ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со консултантски услуги од различни области, но истовремено работи и како едукативен центар за организирање на обуки од различни области. Оваа компанија ги следи трендовите и секогаш нуди актуелни содржини од различни проблематики. Активностите на ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје се насочени кон поддршка на развојот на јавниот и приватниот сектор во Република Северна Македонија и регионот, имплементација на проекти преку давање на консултантски услуги во областа на правото, правно застапување и управувањето со проекти, администрирање и организирање едукативни настани и обуки.
Настаните во ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје придонесуваат до едукативен развој на неколку сектори: бизнис секторот на кој му е потребна континуирана едукација, сектор на млади на кои им се потребни нови применливи вештини и јавниот сектор на кој му е потребен новитет во начинот на пристап и комуникација со јавноста.
ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје Ви го овозможува тоа со својата добра содржина, врвни експерти, одлични услови, простории и нетворкинг дава значаен придонес и придобивки, преку организирање работилници, курсеви, модули, обуки, тим билдинзи и in-house обуки.
ПРЕКУ ИСПОРАКА НА НАШИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ ДО РЕЗУЛТАТИ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ!
Оваа компанија на ден 08.04.2024 година организира еднодневна обука на тема: “ЗНАЧЕЊЕ НА АСЕРТИВНОСТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ И СОЗДАВАЊЕ НА ПОЕФИКАСНА И ПОФЛЕКСИБИЛНА КОМУНИКАЦИЈА.”
Успешната комуникација е основата на меѓучовечките односи. Асертивноста е социјална вештина која ни овозможува искрено да го искажеме сопственото мислење, чувство или страв, односно завземање за себе, без да се повредат другите лица. Асертивноста е навистина важна способност при намалување на стрес, воспоставување на добри човечки односи и решавање на спорови. Кога би се прашувале каква е нашата комуникација со другите луѓе, би можеле да одговориме на овие прашања:
* Поим за асертивност
* Типови на асертивност
* Основни елементи на асетивноста
* Техники на асертивна комуникација
* Предности и недостатоци на асертивната комуникација
* Способност да кажеме не
* Како да станеме асертивни
* Вежба (Препознавање на асертивноста преку практични случаи)
* Решавање на конфликти преку вежба (Играње улоги)
На обуката, преку интерактивен пристап, дискусии и практични вежби, ќе се обидеме да ги зајакнеме Вашите вештини на комуникација применувајќи ја асертивната комуникација која ќе Ви овозможи да воспоставувате добри човечки односи и справување со стресот.
Обуката ќе биде спроведена од искусни обучувачи од различни области, соработници на ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје. Обуката ќе биде еднодневна и ќе се спроведе со физичко присуство во седиштето на ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, на ул. Адем Демачи бр. 17, спрат 1, комплекс Треска, општина Чаир, на ден 08.04.2024 година со почеток од 12:30 часот.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал,
- сертификат за учество,
- кафе и закуска.
Котизацијата изнесува 5.500 денари со вклучен ДДВ. За секое наредно лице од иста организација, котизацијата изнесува 5.000 денари со вклучен ДДВ.
Сите заинтересирани за учество, можат да се пријават најдоцна до 30 март 2024 година, со пополнување на пријавен лист и истиот испратете го пополнет на е-пошта: info@tutor.com.mk Во прилог пријавниот лист.
При пријавувањето, Ве молиме, наведете го името, презимето, телефон за контакт на учесникот/-чката, името и адресата на правното или физичкото лице кое ќе го врши плаќањето.
За сите дополнителни информации во врска со обуката, контактирајте не на:
info@tutor.com.mk
во седиштето на ТУТОР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје,
ул. Адем Демачи бр. 17, спрат 1, комплекс Треска, општина Чаир
Времетраење:
Датум на одржување:
08.04.2024 годинаПредавачи: Милка Спировска, адвокат и Дијана Сеферова Крајчев, адвокат